Блог

Blogpost

Афитос 05/10/2016

Афитос, според многумина најубавото гратче на Халкидики.

Од останатите се разликува по архитектурата, по камените куќи, по традиционалните таверни, по улиците со калдрма.

Водата е кристално чиста и топла, а плажите песочни, што го прави одличен избор за семејства, млади луѓе, парови, за сите...

Афитос претставува карпест „балкон“ од кој има неодолив, запрепастувачки поглед кон заливот Торонеос и кон прекрасното сино море и небо.

Има многу сместувачки капацитети, како апартмани и хотели, и е полно од почетокот на месец мај па сѐ до крајот на октомври.

За Афитос можеме да пишуваме уште, и уште...

Сепак, за да поминете незаборавен одмор, одберете една од нашите куќи кои ги имаме во сопствен закуп, а се А-категорија.

Се гледаме во Афитос.

Лектор: Васка Чоневска

Категорија
Тагови
Архива