Блог

Blogpost

Бременост во лето... 05/12/2016

Прошетката е една од најдобрите и наједноставни вежби за сите трудници. Тие се добри и за мајката и за бебето во секој период од бременоста. Мал совет, носете полесна гардероба и поудобни патики, понесете си и многу вода.

Пливањето внесува многу позитивна енергија и ве ослободува од стресот. Ќе се чувствувате полесно, порелаксирано и ќе го намалите потењето поради високата температура. Лесен џогинг или аеробик во вода наместо на земја е вистинската алтернатива. Секако, пливањето е и освежувачки за телото и духот на идната мајка.

Повеќето од нас знаат дека начинот на искрана ја олеснува бременоста. Носете си со себе овошје кое може да ве освежи во секое време од денот, истото ќе е поздраво и за вас и за бебето. Јадете полесна и поздрава храна, повеќе свежи салати, житарки. Тоа ќе придонесе за задржување на тежината и полесно функционирање на организмот.

Време е за сонце, море, плажа, или конечно е време да се ослободите од стресот и од работните обврски, па така, наместо на honeymoon заминете на babymoon, време кое ќе го искористите за зближување со вашиот партнер пред да дојде најважната личност во вашите животи. Уживајте во долгите романтични прошетки и посветете си насмевки. Подгответе се, ќе бидете родители...

Лектор: Васка Чоневска

Категорија
Тагови
Архива