Блог

Blogpost

Едноставно, Афитос! 06/21/2016

Едноставно, Афитос!

Афитос е прекрасно традиционално приморско место во североисточниот дел на Касандра. Ова преубаво гратче, познато уште како „мала Италија“, привлекува многубројни туристи од целиот свет, но, сепак, успева да го задржи традиционалниот карактер и е одличен пример за традиционалната грчка архитектура. На селскиот плoштад со неправилна форма се наоѓа црквата „Свети Димитар“, трикорабна куполна базилика (единствената на Халкидики), во која иконостасот и прозорците се украсени со камен релјеф. Во близина се наоѓа и Етнографскиот музеј, пред кој има наместено мала сцена каде што можете да уживате во различни концерти или претстави.

Афитос е полн со прекрасни таверни, барови и кафулиња каде што се служат локални специјалитети и освежителни коктели. Ова гратче е изградено од камен и се наоѓа на височина, така што освен во прекрасната прошетка, ќе уживате и во прекрасниот поглед кон морето. 

Посетителите можат да се капат на прекрасната градска плажа или на некоја од околните плажи. Плажите во Афитос се вбројуваат во најубавите песочни плажи во светот, а водата е најчистата и најтоплата во Средоземното Море. Местото има големо историско и еколошко значење бидејќи овде е пронајден воденичкиот камен, а исто така, има важни мрестилишта каде што се мрестат голем број риби.

Категорија
Тагови
Архива