Блог

Blogpost

Грчката кујна 04/04/2018

Кога ќе отпатувате во Грција, покрај природните и архитектонски убавини и културното наследство, задолжително треба да ја вкусите, според многумина, една од најубавите кујни, грчката кујна. 
Омилената и прекрасна мусака подготвена на традиционален начин, брзото и вкусно гиро, неодминливите ѕаѕики и грчка салата, или, пак, морските специјалитети како октопод, лигњи или многуте видови риба се, без дилема, нашиот избор.

Во летните туристички центри, без разлика дали се тоа прекрасните острови или, пак, малите селца по должината на Халкидики, приредете му вистински кулинарски празник на вашиот стомак.

Покрај неколкуте спомнати јадења од менито во секоја таверна, прашајте и побарајте ги и локалните специјалитети, бидејќи речиси секој регион во Грција има нешто автентично. Наздравје!

Текст и лектура:
Васка Чоневска

Категорија
Тагови
Архива