Блог

Blogpost

Како да се справите со стравот од летање 09/20/2014

Огромен број луѓе имаат страв од летање, иако статистички се работи за најбезбедниот начин за патување. Ако и вие сте еден од луѓето кои имаат страв од летање, ви пренесуваме совети како да се справите со непријатното чувство.

1. Ако турбуленцијата е тоа што најмногу ве плаши, обидете се да најдете седиште колку што е можно поблиску до крилата, каде што потресите од турбуленција се најслаби. Не седнувајте блиску до опашката, бидејќи таму турбуленцијата е најсилна.

2. Известете ги стјуардесите дека имате страв од летање. Тие се имаат соочено со таквата ситуација толку многу пати што веќе знаат како да ви помогнат. 

3. Ако патникот на соседното седиште ви е непознат, кажете му дека имате страв од летање, па така, кога силно ќе го притискате седиштето, нема да мора да мислите за тоа што тој ќе помисли, туку ќе се фокусирате единствено на сопственото смирување.

4. Доколку имате страв од височини, обидете се да седнете во седиштата подалеку од прозорците. Ако пак стравот потекнува од клаустрофобија, седнете до прозорецот, бидејќи погледот надвор може навистина да ве смири.

5. Оттргнете си ги мислите од самото летање, со тоа што ќе ги пренасочите кон нешто друго и сосема безначајно. Понесете си паметен телефон, таблет-компјутер или лаптоп, нешто што ќе ви дозволи да се изгубите во тривијална содржина.

Категорија
Тагови
Архива