Блог

Blogpost

Ханиоти 03/30/2018

Според многумина, Ханиоти е едно од најубавите селца на првиот крак, Касандра, и сигурно е едно од најпосетуваните. Малиот плоштад во центарот на ова место е собиралиште во ноќните часови, каде што може да се напиете пиво, фрапе, да јадете вкусно грчко гиро или, пак, да одморите од долгите прошетки. Во текот на целиот ден е доста динамично и раздвижено, посебно во највиосоката сезона т.е. во јули и август, па од таа причина нашиот избор за сместувачки капацитет е оддалечен околу 400-500 метри од срцето на ова селце и сите збиднувања. Има многу хотели и куќи во кои се сместуваат туристи од април, па сè до крајот на октомври. Одлично место за семеен одмор, за романтично лето во пар или, пак, за млади кои сакаат забава, бидејќи Ханиоти нуди можности за сите вкусови и потреби. Повеќе, откријте, доживејте сами...

Текст и лектура:
Васка Чоневска

Категорија
Тагови
Архива