Блог

Blogpost

Најважни знаменитости на Лефкада 09/09/2015

Лефкада е фасцинантен остров, на кој ќе останете без зборови од природните убавини и од историските знаменитости. Совршениот спој на овие два света е токму тоа поради што треба да ја посетите Лефкада.

Замокот Агија Мавра

Замокот кој се издига на самиот влез на островот и кој не можете да не го видите при пристигнувањето по копнен пат, е изграден во 13. век, откако Французите ја освоиле Лефкада. Првиот француски владетел ги поставил темелите, а оттогаш замокот се надградувал, реновирал и реставрирал за и денес да стои гордо чувајќи го островот.

Манастирот Фанеромени

Овој манастир се наоѓа над градот Лефкада, близу до селото Фрини. Изграден е во 1634 година, на местото каде што некогаш се наоѓал древниот храм посветен на Артемида, божицата на ловот. Подоцна, таму се собирале апостолот Павле и неговите ученици и токму затоа местото било одбрано за изградба на манастир. Иако неколкупати низ вековите манастирот горел речиси до темел, денес сѐ уште стои над градот и претставува најважно духовно место на островот.

Водопадите во Нидри

Стотици туристи секоја година ги посетуваат водопадите Димосари, во непосредна близина на селото Нидри. За разлика од најголем дел од водопадите на Лефкада, овие не пресушуваат ниту во најтоплите лета. Водата се слива по стрмните карпи до белите камења во подножјето, од каде што продолжува кон морето. Се работи за идеално место за фотографирање и разладување...

Светилникот

До светилникот на јужниот 'рт на Лефкада има доста возење, а и последните километри од патот воопшто не се во сјајна состојба. Но, ако се решите да отпатувате до него, тогша нема да зажалите. Се работи за место со спектакуларен поглед и магична убавина.

Плажите на Лефкада

Ако нешто ја издвојува Лефкада од останатите туристички центри во Грција, тогаш тоа се дефинитивно плажите на западниот брег, кои изгледаат како да не припаѓаат во тоа море. Со остри карпи во позадината, песок до недоглед и беспрекорно чиста вода - многу лесно може да се случи за миг да заборавите каде се наоѓате и да помислите дека сте некаде среде Карипското Море...

Категорија
Тагови
Архива