Блог

Blogpost

Одмор во јуни 04/02/2018

Има неколку причини поради кои одморот во јуни може да биде навистина прекрасен. Пред сè, цените на аранжманите се пониски и поприфатливи. Исто така, амбиентот и целата атмосфера се далеку порелаксирани во споредба со месеците во највисока сезона. Со оглед на фактот дека во последните неколку години трендот на летување пред и по сезона и кај нас е во пораст, значи дека туристите навистина уживаат на море и во овој период од годината.
Оние кои не сакаат, или пак, имаат проблем со високата температура, имаат одлична можност максимално да ги користат деновите на плажа.
Погледнете ја целата наша понуда и одберете го сместувачкиот капацитет и селце кои ви одговараат токму вам.
Се гледаме... на море. 

Текст и лектура:
Васка Чоневска

Категорија
Тагови
Архива