Блог

Blogpost

Прв одмор со бебе... 05/17/2016

Почнете да се пакувате порано, навистина порано...
Понесете доволно креми за сончање кои ќе ги покријат рачињата, нозете, целото тело на вашето бебе, сонцето покрај тоа што е корисно може да биде и навистина опасно, заштитете го своето бебе.
Освен регуларните, обични пелени понесете си и пелени отпорни на вода, ќе ви бидат навистина корисни, исто така не заборавајте спрејови и масти за заштита од комарци и останати инсекти.
Најдобро е да го организирате своето патување во времето кога на вашето бебе му се спие, така патувањето ќе биде побрзо и полесно.
Понесете ги неговите омилени реквизити, играчки, со тоа ќе го олесните патувањето, времето кое го минувате во соба и, секако, времето на плажа.
Последно, но исто така многу важно, не заборавајте на себе, понесете си доволно енергија и трпение, љубов и разбирање за да уживате во вашиот најубав одмор, прв одмор со бебе...

Лектор: Васка Чоневска

Категорија
Тагови
Архива