Блог

Blogpost

Што да јадете додека патувате? 05/23/2016

Што да јадете додека патувате?

 Колачите полни со шеќер секако дека ќе ве предизвикуваат, но со оглед на тоа што физичката активност за време на патувањето е сведена на минимум, нема потреба да внесувате хиперенергетски намирници какви што се слатките, грицките и газираните сокови. Наместо нив, дознајте која храна ќе ви го олесни патувањето и чекањето во долгите редови.

Штом ќе тргне автобусот, штом ќе се слушне свирењето на локомотивата, штом ќе седнеме до возачот во колата или, пак, штом стјујардесата ќе ни посака пријатен лет, по навика, веднаш отвораме кесичка со грицки кои се калорични, а немаат никаква хранлива вредност. Овие намирници честопати предизвикуваат бројни здраствени проблеми.

 

Одберете полесна храна

Пред да тргнете на пат, не заборавајте да јадете затоа што може да се случи да ви падне шеќерот. Затоа, нутриционистите советуваат да се ориентирате кон храна богата со нутритивна вредност, која не е тешка за желудникот и која не предизвикува поспаност, а тоа е многу битно за возачите.

Диетални влакна и протени што лесно се варат

Ако решите сами да ја подготвите храната за пат, нутриционистите препорачуваат храна со лесно сварливи протеини и со диетални влакна. Наместо сендвичи со мајонез и со павлака, понесете многу овошје, јаболки, портокали, крушки. Ако поминувате низ повеќе земји, земете овошје што не се мие, како грејпфрут и порткали, затоа што квалитетот на водата е различен и опасноста од дијареа е голема.

Бадемите како идеална ужина

Доколку сакате побргу да стигнете на посакуваната дестинација, треба да избгнувате да правите поголеми паузи. Во тој случај, идеална ужина се бадемите, лешниците и бразилскиот орев, затоа што обезбедуваат доволно маснотии кои ќе ви помогнат полесно да го поднесете патот.

 

Водата пијте ја со мали голтки

Губењето течности е честа појава и може да предизвика бројни проблеми. За да не дојде до дехидрација, течностите внесувајте ги често, со мали голтки, а најмногу се препорачуваат вода и разредени сокови без шеќери. Наместо кафе, подобро е да се напиете зелен и црн чај, секако, во умерени количини. Ако патувате со авион, избегнувајте неограничено консумирање на кафе и на алкохол, затоа што покрај дехидрација може да предизвика и главоболка.

Здрав сендвич

Нутриционистите препорачуваат сендвич од интегрална кифла намачкана со путер, салама од  пилешки гради, варени јајца и патлиџан, како и листови зелени салата. Исто така, советуваат да избегнувате маргарин, мајонез и кечап.

 

 

Категорија
Тагови
Архива