Блог

Blogpost

Сите бои на Истанбул 09/26/2015

Истанбул е навистина магичен град во кој било дел од годината, но некако чудно, есенските бои му даваат некој дополнителен шарм на градот на два континента...

Ако до сега не сте имале шанса да го посетите прекрасниот Истанбул, тогаш Игуана Травел ве поканува да ни се придружите на патувањето кое го организираме по повод продолжениот викенд за 11. Октомври. Сосема случајно, според најголем дел од патниците, ова е можеби најдоброто време да се посети „главниот град на светот“.

Боите на градот во овој период стануваат апсолутно магични. Ќе имате шанса да направите одлични фотографии од најпознатите знаменитости во градот, со нијанси во опкружувањето што може да се видат само во доцната есен. 

Времето во првата половина на октомври е идеално за прошетки низ Истанбул. Просечната температура се движи од 20 до 23 степени преку ден, но за секој случај понесете си едно парче потопла облека, бидејќи некои денови можат да ве изненадат, со пад на температурата од десетина степени, за следниот ден повторно да се вратиме на просекот.

Појдете со нас на ова незаборавно патување и погледнете ги: Аја Софија, Султан Ахмедовата џамија, палатата Топкапи, кулата Галата, големиот пазар, сарајот Долмабахче, Киз Кулеси, мостот на Босфор, ѕидините на Константинопол и уште многу други изненадувања што Истанбул ги крие...

Категорија
Тагови
Архива