Блог

Blogpost

Скијатос - за сите заљубени и за оние што сакаат забава 06/21/2016

Скијатос - за сите заљубени и за оние што сакаат забава

За многумина, Скијатос е островот со најубави плажи во Грција. Освен прекрасните и многубројни плажи, има разновидни таверни, барови, клубови и места за разгледување. Скијатос е преубав зелен остров со повеќе од 60 плажи на кои можете да имате мирен и релаксирачки одмор, но и авантури, спортови на вода и импресивен ноќен живот.

Градот Скијатос има многу интересни цркви и храмови, меѓу кои е и катедралата во која се чуваат многу мошти и икони. Можете да го посетите манастирот Евангелистриа, а музејот и библиотеката ќе ве вратат во минатото низ книгите и реликвиите од историско и од верско значење. Не заборавајте да облечете долги панталони или здолништа и да ги покриете голите раменици при посетата на манастирите.

Посетете го и Буртзи, мал полуостров на кој ќе можете да уживате во концерти, изложби, и театарски претстави. 

На Скијатос ќе уживате во природната убавина, во големиот број плажи, во маслинките, шумите, медот, виното, овошјето...

Препуштете се и уживајте во овој остров полн со магија и волшепство.  

Категорија
Тагови
Архива