Блог

Blogpost

Совети за лична безбедност при патување 01/14/2015

Кога патуваме важно е да ги преземеме сите мерки на претпазливост, за да избегнеме какви било ситуации кои можат да ја загрозат личната безбедност...

Локален транспорт

Кога ќе пристигнете на аеродромот или пристаништето каде што патувате, користете го само организираниот транспорт од вашата туристичка агенција или пак ако патувате сами - официјалниот транспорт од аеродромот. Во самото место, ако имате потреба од такси, користете само возила кои имаат јасно истакнати лиценци и избегнувајте диви таксисти, бидејќи не само што е можно да ви биде наплатено астрономски повисока сметка, туку постои опасност и да бидете ограбени.

Бидете внимателни

Не разговарајте за своите планови на јавни места и не држете се до истиот распоред секој ден, за да избегнете можност некој да ги искористи информациите за да ви нанесе штета.

Вредни предмети

Сите вредни предмети, вклучително пари, пасош, телефон итн., чувајте ги во добро обезбеден дел од вашата торба или ранец, до каде што никој нема да има лесен пристап. Можеби ќе се помачите кога треба да извадите пари, но тоа значи дека и локалните џепчии нема да можат едноставно да се послужат со вашата сопственост.

План Б

Ако шетате низ непознато место и се загубите, а не го знаете јазикот што се зборува во тоа место, добро е со себе да имате картичка од хотелот каде што престојувате, за да може да му ја покажете на таксист или пак полицаец, за тие да можат да ви помогнат да го пронајдете патот назад.

Патничко осигурување

Уште еднаш би сакале да ја потенцираме важноста на патничкото осигурување. Никој не би сакал да ја искористи премијата од ова осигурување, но ако се случи нешто непредвидено, добро е да имате одредена сигурност зад себе, знаејќи дека евентуалната штета ќе ви биде покриена.

Категорија
Тагови
Архива