Блог

Blogpost

Зошто Афитос?! 03/30/2018

Афитос е, можеби, најнеобичното туристично место на Касандра и воопшто на Халкидики. Се разликува од останатите по својата архитектура и по инфраструктурата. Мало, автентично, со тесни сокачиња и камени куќи, наликува т.е. потсетува на јадрансиот бисер, Дубровник. Доколку сакате да го комбинирате своето летување, со прекрасни плажи и со кристално чисто море од една страна и релаксирачки прошетки, со запрепастувачки поглед кон заливот Торонеос од кој застанува здивот од друга страна, тогаш дефинитивно вашиот најдобар избор е токму, Афитос.

Неколкуте таверни и кафулиња кои се лоцирани на самиот брег, каде што може да го слушате шумот на морските бранови или, пак, рестораните на врвот на прекрасниот Афитос, со отворен поглед кон синото море се вистински избор за романтични или семејни, опуштени вечери. 


Да не должиме многу, на вас останува да одберете сместување во срцето на ова прекрасно селце или пак, долу на плажа, и самите да ја доживеете магијата на... Афитос!

Текст и лектура:
Васка Чоневска

Категорија
Тагови
Архива