Вие сте тука:   Дома Блог Лето Летување според хороскопски знак

Летување според хороскопски знак

Печати PDF

Women-Luggage-Style-420x0Секој од хороскопските знаци има различен пристап кон патувањата. Оние родени под знакот Овен, на пример, се секогаш спремни за акција, биковите, пак, долго го планираат нивниот летен одмор, а девиците знаат да се спакуваат со ефикасност и грациозност како никој друг. Откријте каков е вашиот типичен одмор врз основа на хороскопскиот знак!

Овен
Овните сакаат да патуваат. Уживаат во откривањето нови места - колку повеќе, толку подобро е мотото на лицата родени под овој знак. Затоа не е важно дали се на планинарење или на луксузен одмор на некоја позната туристичка дестинација. Тие ќе извлечат максимум од секое искуство.

Бик
Биковите уживаат во мир и тишина. За да си го осигураат таквото спокојство, тие добро ќе го испланираат секој аспект на патувањето. Ова се личности кои знаат да уживаат и на крајот од патувањето да се вратат со „наполнети батерии“.

Близнаци
Близнаците сакаат често да патуваат и на различни места. Разноликоста е она што нив ги привлекува. Градови како Лондон, Рим, Париз или Њујорк се одлични дестинации за оние родени под овој знак.

Рак
Раковите ја сакаат водата. Тие ќе бидат задоволни со секој одмор што вклучува спортови на вода како пливање или нуркање. Бидејќи ова се едни од најемотивните хороскопски знаци, тие ќе сакаат да патуваат со пријателите, семејството или со нивните партнери.  

Лав
Лавовите патуваат со стил. Сакаат да патуваат сами на места каде можат да се релаксираат и да се вклопат во околината. Како и Биковите и тие ќе го испланираат секој детаљ од нивниот одмор.

Девица
Познати по своите организаторски вештини, одморите на Девиците ќе бидат организирани со големо внимание. Не очекувајте од нив да направат било што авантуристички или неконвенционално на нивните патувања. Многу поверојатно е дека ќе отидат на претходно закажана организирана прошетка со мапи во рацете.

Вага
Вагите најмногу сакаат да патуваат во голема група, да се дружат попатно и на крајот да склопат многу пријателства. Најрадо би избрале некоја романтична и егзотична дестинација како Венеција или Прага.

Скорпија
Како и со сè друго, Скорпиите сакаат нивното патување да биде уживање пред сè. Затоа очекувајте од нив да одлетаат со авион до места познати по луксузната облека, како Милано, или егзотини дестинации со спа центри како Керала или Тајланд, или пак места едноставно познати по вкусната храна (како Италија).

Стрелец

Стрелците ја сакаат акцијата. Тие сакаат различни искуства и затоа бидете сигурни дека нивниот одмор ќе им го пружи тоа. Најчесто избираат места со многу ноќни клубови и забавни активности, како Гоа, Лондон и Њујорк.

Јарец
Оние родени под овој знак повеќе патуваат заради бизнис, отколку за задоволство. Нив ги привлекуваат изолирани места кои не се првенствено туристички.  

Водолија
Водолиите сакаат да се дружат и да патуваат во групи. Тие би отпатувале на места кои имаат нешто возбудливо да понудат.

Риби
Овие љубители на морето ќе уживаат во секој одмор кој вклучува плажи, пливање и слични активности. Дарежливи по природа, тие би го комбинирале патувањето со некоја добротворна цел.

AddThis

Популарно на блог


zak_intro.gif
Закинтос (грчки: Ζάκυνθος), исто така наречен Занте (неговото италијанско име), е третиот најголем остров во Јонското Море, лоциран на западното крајбрежје на
_grcki_ostrovi.gif
Грција, колевката на светската култура, на туристите од цел свет им нуди острови од чија убавина биле инспирирани многу митови и легенди. Тука пловел Одисеј на
krf_intro.gif
Крф, исто така познат под името Керкира, е најсеверниот од Јонските Острови во Грција. Лоциран на најсеверниот брег на земјата, Крф лежи во Јадранското Море,
looking_good_travel.gif
Авионите, возовите, автобусите, временските и температурните разлики не се пријатели на нашата кожа. А тука се и новите услови, нечистотијата... Што треба да
swimsuits2.gif
Бидејќи веќе се ближи сезоната за летен одмор, време е да изберете костим за капење според последните модни трендови. Меѓутоа, при изборот на костим за капење
8_septemvri

Популарно


Сезонски цени вила Gillis - Потидеа Термин (датум на
Полихроно (хотели “Jean Marie” и “Neapolis”)
Вила „Porto Davia“ - Аргаси (апартманско
Ипсос, вила “Ekaterina” (апартманско сместување)
Вила „Zanza“ - Порос Студио 1/2 (двокреветно)

Преведи

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

Следете нè

rezervacija_aviobileti

Време

59°
15°
°F | °C
Cloudy
Humidity: 82%
Mon
Clear
48 | 73
8 | 22
Tue
Mostly Sunny
51 | 77
10 | 25
Wed
Mostly Sunny
55 | 80
12 | 26
Thu
Chance of Rain
53 | 82
11 | 27

Конвертор

Сума   во    

Има 41 гости присутни