Будимпешта

4 дена / 2 ноќевања

БудимпештаСт.Андреа - Вишеград - Естергом

10.10.2019. Скопје – Будимпешта

Состанок на групата во 16:30 часот и поаѓање за Будимпешта во 17:00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

11.10.2019 Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во  претпладневните часови. Разглед на градот со локален туристички водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина, улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Сместување во хотел . Слободно време за одмор. Вечерта можност за факултативно крстарење по реката Дунав. Ноќевање.

12.10.2019 Будимпешта-Ст.Андреа-Вишеград-Естергом

Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Ст. Андреа, Вишеград и Естергом - некогашните центри на кралска Унгарија со вклучени влезници и превоз. Пристигнување во Естергом - град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот  и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Можност за факултативна посета на  национален ресторан - Чарда  со унгарски специјалитети и фолклор. Враќање во хотел. Ноќевање.

13.10.2019 Будимпешта-Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на шопинг ценарот Arena Plaza. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Скопје во пладневните часови. 

Цена на аранжманот:

6.790,00 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Напомени: