Истанбул

3 дена / 2 ноќевања

85€

ИстанбулПриказна од Ориентот

1 ден 10.10.2019 Скопје ‒ Истанбул

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“ во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 11.10.2019 Истанбул

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, џамијата Лалели, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, хотелот „Пера Палас“ (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман „Ориент Експрес“), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Кулата Гала, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем-Пашината Џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих Џамија... Факултативно крстосување со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Можност за посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката „Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку 4Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Мостот Галата, Моминската кула... Сместување во хотелот... Попладне, предлагаме посета на азискиот дел на Истанбул ‒ Ускудар ‒ Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор... Европа ‒ Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост, симболот на Истанбул. Ноќна панорама на Истанбул... Ноќевање.

3 ден 12.10.2019 Византиски и Султански Истанбул

Појадок. Факултативна посета на Сината џамија со 6 минариња, која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители... Прошетка по просториите на Султанот Сулејман Величествениот и стариот султанов дворец Топкапи палата, која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султановиот харем... Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина... Во попладневните часови, посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со испреплетени 60 улици и 4.000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини... Во вечерните часови, вечера во национален ресторан и незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

4 ден 13.10.2019 Истанбул (Босфор) ‒ Скопје

Појадок... Одјавување на хотел... Факултативна посета на Долма Бахче Сарај ‒ последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Факултативна посета на Миниатурк парк со површина од 60.000 метри квадратни, со преку 200 модели претставени од Османлискиот период во Турција и во простори надвор од Турција... Посета на познатиот Шопинг центар Форум, каде што се наоѓа големиот Аквариум...Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи и со царински формалности. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Цена на аранжманот:

5.890 мкд. (95 еур)

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

НАПОМЕНА: