Истанбул

5 дена / 2 ноќевања

85€

Истанбул

1 ден (6 декември, четврток) Скопје – Истанбул

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“ во 16.00 часот. Тргнување во 16.30 часот. Се патува преку Грција (граничен премин Богородица – Евзони) со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (7 декември, петок) Истанбул

Пристигнувањето во Истанбул е предвидено во раните утрински часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот „Пера Палас“ (во којшто Агата Кристи го напишала светски познатиот роман „Ориент Експрес“), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија,  Рустем пашината џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија. Попладневно (факултативно) крстарење по Босфор: панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот, пловење под мостовите Фатих и Босфор кои ги поврзуваат Европа и Азија, можност за посета на „Сафир Сеир Тераса“, највисоката тераса во Европа, од каде има прекрасна панорамсла глетка кон градот, како и можност со 4Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, мостот Галата, Девојачката кула. Сместување во хотел. Предлагаме, попладневна прошетка на азискиот дел на Истанбул: Ускудар, Берлејбеј, се поминува низ подводниот тунел Мармарис кој е 60 метри под нивото на водите на Босфор (13,5 км. за 4 минути), прекрасно место за да се напиете кафе, или да пробате вкусна риба во некој од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост – симболот на Истанбул. Ноќна панорама на градот. Ноќевање.

3 ден (8 декември, сабота) Византиски и султански Истанбул

Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија, со 6 минариња. Прошетка по главниот, историски плоѓтад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, познатата Аја Софија, изградена во времето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а сега во музеј отворен за сите посетители. Прошетка низ просториите на султанот, Сулејман Величенствениот и стариот султанов дворец, Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните опкружена со море од сите страни, каде може да се посети и, со векови забранетата сона – султановиот харем. Подземната цистерна Јеребатан Сарај, 14 метри под нивото на земјата со површина од 9.800 м2. Во попладневните часови, посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4.000 продавници за злато, сребро, кожа, ткаенини. Факултативна, вечера во национален ресторан со традиционална уметничка програма, ориентални танци и мени од турската кујна, за незаборавно доживување. Ноќевање.

4 ден (9 декември, недела) Истанбул – Босфор – Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последна резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година резиденција на Кемал Ататурк. Факултативна посета на Миниатурк парк со површина од 60.000 м2. каде се претставени кад 200 модели од Османлисиот период во Турција. Посета на шопинг центарот Форум, каде се наоѓа големиот аквариум. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (10 декември, понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Цена на аранжманот:

5.270 мкд. (85 еур)

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Напомени: