Врњачка бања

3 дена / 2 ноќевања

Врњачка бања7-9 декември 2019

1 ден 7.12.2019    Скопје – Врњачка бања

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 5:00 часот, тргнување за Врњачка бања 5.30 часот. Пристигнување околу пладне. Разгледување на Врњачка бања каде денес има седум извори на минерална вода, четири од нив се користат за балнелошка терапија, „Топла вода“, единствена бања која има температура како и човечкото тело (36,5ц) и се користи за капење и пиење. Бањите „Снежник“ (17ц), „Језеро“ (27ц) и „Слатина“ (14ц) се студени минерални води, две од нив (од изворите Топла вода и Врњачко врело) се флашираат во „Вода Врњци“. Сместување во хотел „Даница“. Време предвидено за индивидуални активности и одмор. Вечера. Ноќевање.

2 ден 8.12.2019 Врњачка бања (Жича, Краљево)

Појадок. Прошетка низ околината на Врњачка бања која е богата со културно – историско наследство, а според Унеско е сместено во редот на Светски градини. Пред се црквите Лазарица и Св. Петка, како и манастирите Студенице, Љубостиње, и Жича, за каде е предвидена факултативна посета, оддалечен е околу 30 км. од Врњачка бања. Го подигнал Стефан Првовенчан со својот брат Сава, а градењето траело 20 години, конечно е завршен 1208 година. Манастирот е седиште на првата Српска архиепископија. Најстарите фрески во манастирот се сликани по 1219 година... на враќање кон Врњачка бања ќе се направи пауза во Краљево за кафе, ручек, прошетки. Вечера во хотел. Ноќевање.

3 ден 8.12.2019 Врњачка бања – Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време до 12 часот кога е предвидено тргнување за Врање. Пристигнување околу 15 часот. Слободно време за прошетки, шопинг или ручек со познати српски специјалити. Враќање во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот по лице:

4.950 мкд.(80 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Напомени: