Фиренца

4 дена / 3 ноќевања

Фиренцасо посета на Сиена и Пиза

1 ден (10 март, сабота)

Состанок на групата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 12.00 часот. Полетување за Венеција (Тревизо) во 13.20 часот. Планирано пристигнување (слетување) според информации од авиокомпанијата во 15.05 часот. Трансфер до Фиренца (околу 3 часа) и сместување во хотел „Селект“. Прошетка низ Фиренца –лулка на ренесансата, градот на „Давид“ на Микеланџело, на „Раѓањето на Венера“ на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден (11 март, недела)

Појадок. Разгледување на главиот град на Тоскана со стручен локален водич: катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, палатата Векио – Градското Собрание, плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микеланџеловиот Давид и галеријата Уфици, Понте Векио – стариот мосто од 14 век, палатата Пити... можност за посета на галеријата Уфици, еден од најстарите и најпознати музеи во светот. Во неа се наоѓаат најпознатите дела на големите мајстори како Ботичели, Џото, Леонардно, Микеланџело, Рафаел, Тицијан и др. Препорачуваме (факултативна) посета на Пиза во попладневните часови, разгледување со стручен локален водич: еден од највеличенствените плоштади во Италија, со Катедралата, Крстилницата и најпознатиот симбол на градот – Кривата Кула. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Фиренца. Ноќевање.

3 ден (12 март, понеделник)

Појадок. Целодневна (факултативна) посета и разгледување на Сиена со стручен локален водич, еден од најубавите средновековни градови, вечниот „ривал“ на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разгледување на градот опколен со ѕидини од 16 век, плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската палата со високата кула, катедралата со богата мозаична декорација... прошетка низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадина на ренесансните слики. Можност за посета на традиционален вински подрум и дегустација на вина Кјанти. Враќање во хотел во вечерните часови. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со вистинско италијанско кафе. Ноќевање.

4 ден (13 март, вторник)

Појадок. Препорачуваме да го испиете утринското кафе во Ринашенте со прекрасен поглед на катедралата Дуомо. Трансфер до аеродромот во Тревизо. Авионот за Скопје полетува во 15.35 минути а слетување во 17.15 минути.

Цена на аранжманот:

18.540 ден. (299 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Напомени: