Истанбул

4 дена / 2 ноќевања

85€

ИстанбулПриказна од Ориентот

1 ДЕН 07.03.2019 (четврток) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата во 14:00 часот. Поаѓање во 14:30часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН 08.03.2019 (петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Аја Софија, Плавата џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели џамија,Бејазитова џамија, Универзитетот, Римскиот аквадут, Златниот рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија. Сместување во хотел. Факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул- Ускудар –Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13,5 км за 4 минути, 60метри под нивото на водите на Босфор..Европа-Азија), прекрасно место за кафе. Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост, симболот на Истанбул – ноќна панорама на Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН 09.03.2019 (сабота) ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ – БОСФОР

Појадок. По појадокот факултативна посета и разглед на Аја Софија, Топ Капи и Долма Бахче сарај –последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, со вклучена влезница и водич. По разгледот следи факултативно крстарење по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Во поладневните часови посета на Таксим и Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини.. Во вечерните часови, ножност за факутативна вечерља во Национален Ресторан, за незаборано доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН 10.03.2019 (недела) ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на МинијаТурк парк. Попладнето посета на познатиот шопинг центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ДЕН 11.03.2019(понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Промо цена до 09 Февруари:

6.500,00 мкд

Цена на аранжманот:

7.290,00 мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

НАПОМЕНА: