Косово - Албанија - Црна Гора

3 дена / 2 ноќевања

Косово - Црна Гора - АлбанијаМанастир Грачаница - Манастир Дечани - Подгорица - Његуши - Котор - Будва - Скадар

Термин за реализација:

09.03-11.03.2018

1.Ден. Скопје - Грачаница - Дечане - Подгорица Состанок на групата во 05:30 часот и заминување за Косово во 06:00 часот. Патот води преку граничен премин Блаце. Пристигнување во  Грачаница во утринските часови и посета на манастирот изграден од цар Милутин во 14от век. Патот продолжува кон  Црна Гора со попатна посета на манастирот во Дечани, познат под името Високи Дечани (30м висок) и под заштита на УНЕСКО. Преку граничниот премин Кула и единствениот кањон на Морача се продолжува кон Подгорица. Пристигнување во Подгорица и сместување во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.  
2.Ден. Подгорица - Цетиње - Његуши - Котор - Будва Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување на разглед на главниот град на Црна Гора со локален водич: Саат кулата, плоштадот на Независноста, Градското собрание, Градскиот стадион, Московскиот и Милениумскиот мост. Околу пладне заминување за Цетиње - Кралското седиште на Црна Гора. Разглед на градот со локален водич: Палатата на крал Никола, Цетинскиот манастир, Претседателската палата. Патот продолжува кон Котор со попатна посета на селото Његуши - родното место на крал Никола. Пауза за ручек. Пристигнување во Котор и разглед на градот со локален водич: Катедралата Св.Трифун, црквата Св.Никола, плоштадот, Поморскиот Музеј, градските ѕидини. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Будва. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна посета на национален ресторан во Будва. Ноќевање. 
3.Ден. Будва - Св.Стефан - Скадар - Скопје Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и организирана прошетка низ Стариот град во Будва. Околу пладне заминување за Скадар. Патот води по познатата јадранска магистрала од која се нуди поглед на Св.Стефан. Простигнување во Скадар и организирана прошетка низ градот со можност да се видат црквата Св.Стефан, џамијата Ебу Бекер,  муззејот на фотографијата, паркот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот:

 5.890,00 мкд

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Напомена: