Прага

6 дена / 3 ноќевања

ПрагаКарлови Вари - Кривоклат - Братислава

Термин за реализација:

07.03-12.03.2018

1.Ден. Состанок на групата во 16:30 часот и поаѓање за Прага во 17:00 часот. Патот води преку Р.Србија и Р.Унгарија. Ноќно возење со попатни паузи.
2.Ден. Пристигнување во Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време. Доцна попладне трансфер до центарот на градот со метро и организирана прошетка низ еврејската четврт - Јосефов, која преставува  и најстара еврејска населба во Европа ( 13ти век ) со 6 синагоги, музеи и споменици. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по Влтава. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
3.Ден. Појадок. По појадокот следува разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани. Слободно време за индивидуални активности и можност за шопинг во трговскиот центар Quadrio. Враќање во хотел. Вечерта факултативна посета на традиционален чешки ресторан со богата фолклорна програма и специјалитети од чешката кујна. Ноќевање.
4.Ден. Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Карлови Вари, најголемиот и најпознат бански центар во Р.Чешка и елитно одморалиште на европската аристократија во 19-от век. Разглед на бањите со локален водич, посета на еден од 12-те извори на  термална вода, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови.Можност за шопинг на локалните производи од порцелан, стакло и ликерот Беќеровка. Поаѓање за Кривоклат , посета на  тврдината-дворец, изграден во 12-от век од страна на кралевите на Бохемија со вклучена влезница. Поаѓање за Прага со попатна пауза во фабричката продавница на пиварата Крушовице. Ноќевање.
5.Ден. Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Скопје со попатна посета на Братислава. Пристигнување во Братислава околу пладне и разглед на градот со локален водич: Михалската порта, Катедралата Св.Мартин, Градското собрание, Националниот театар, главниот плоштад со Роландовата фонтата. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови заминување за Скопје.
6.Ден. Пристигнување во Скопје во утринските часови

Цена на аранжманот:

8.590 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Напомена: