Салзбург

5 дена / 3 ноќевања

СалзбургГрац - Загреб

Термин за реализација:

07.03. - 12.03.2018

1.Ден.07.03.2018 Скопје - Салзбург Состанок на групата во16:30 часот и поаѓање за Салзбург во 17:00 часот. Патот води преку Р.Србија, Р.Хрватска и Р.Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.
2.Ден.08.03.2018 Салзбург Пристигнување во Салзбург во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич: историскиот центар на градот заштитен од УНЕСКО од 1996 година каде се наоѓа куќата на Моцарт, катедралата Св.Руперт, плоштадот на Моцарт,  дворецот Мирабел и градината, стариот плоштад, надбискупската резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел.  Ноќевање.
3.Ден.09.03.2018 Слазбург - Ватенс / Светот на Сваровски - Слазбург Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Ватенс и Кристалниот Свет на “Сваровски”. Пристигнување околу пладне и разглед на овој неверојатен бајковит свет на кристалите, со посета на “Џинот” и неговите комори на чудата, градината  и лавиринтот. Пред две децении “Сваровски” беше познат по колекционерските фигури и фустанот со 10.000 кристали во кој Мерлин Монро му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес “Сваровски” е водечки светски произведувач на брусени кристали со над 2.700 продавници низ светот. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
4.Ден.10.03.2018 Салзбург - Грац - Загреб Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Загреб со попатна посета на Грац. Пристигнување во Грац околу пладне и разглед на градот кој има традиција на универзитетски град со 6 универзитети и најзачувано старо градско јадро во Европа. Посета на еден од големите шопинг центри во Грац. Пристигнување во Загреб во доцните попладневни часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
5.Ден.11.03.2018 Загреб - Скопје Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и разглед на Загреб со локален водич: плоштадот Бан Јелачич, уметничкиот павиљон, Хрватскиот народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камената порта, Народното собрание... Слободно време за индивидуални активности. Околу пладне заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот:

13.590,00 денар

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Напомена: