Салзбург

5 дена / 3 ноќевања

Салцбург, Грац и Загреб07.03. - 11.03.2019

1 ден 7.3.2019 Скопје ‒ Салцбург

Состанок на групата во 16:30 часот, тргнување за Салцбург во 17:00 часот. Патот води преку Р. Србија, Р. Хрватска и Р. Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 8.3.2019 Салцбург

Пристигнување во Салцбург во пладневните часови. Разгледување на градот со стручен локален водич: историскиот центар на градот заштитен од УНЕСКО од 1996 година, каде што се наоѓа куќата на Моцарт, катедралата „Св. Руперт“, плоштадот на Моцарт, дворецот Мирабел и градината, стариот плоштад, надбискупската резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел.  Ноќевање.

3 ден 9.3.2019 Салцбург ‒ Ватенс ‒ (Светот на Сваровски) Салцбург

Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет до Ватенс и Кристалниот свет на Сваровски. Пристигнување околу пладне и разглед на овој неверојатен бајковит свет на кристалите, со посета на „Џинот” и неговите комори на чудата, градината и лавиринтот. Пред две децении „Сваровски” беше познат по колекционерските фигури и фустанот со 10.000 кристали во кој Мерлин Монро му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес „Сваровски” е водечки светски произведувач на брусени кристали со преку 2.700 продавници низ светот. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.3.2019 Салцбург ‒ Грац ‒ Загреб

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Загреб со попатна посета на Грац. Пристигнување во Грац околу пладне, разгледување на градот кој има традиција на универзитетски град со 6 универзитети и е најзачувано старо градско јадро во Европа. Посета на еден од големите шопинг-центри во Грац. Пристигнување во Загреб во доцните попладневни часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

5 ден 11.3.2019 Загреб ‒ Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и разгледување на Загреб со стручен локален водич: плоштадот „Бан Јелачиќ“, уметничкиот павилјон, Хрватскиот народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камената порта, Народното собрание. Слободно време за индивидуални активности. Околу пладне заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

За целосна уплата до 09 Февруари:

12.290,00 мкд

Цена на аранжманот:

13.290,00 мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Напомена: