Крф

Крф

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.

Вила АНДРЕАС
Овој комплекс на апартмани се состои од две куќи со надворешен базен и прекрасна зелена околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица на која на само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле…   На 300 м. оддалеченост од плажа оваа вила ви овозможува максимално квалитетно да го поминете денот.
Вила Андреас располага со:

Сите апартмани се опремени со кујна, тоалет, сеф, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

Вила ЈУЛИАНОС
Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос, на 600м од плажата.
Вила Јулианос располага со:

Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

Вила КРИСТОФЕР
Овој комплекс на апартмани е оддалечен 300 м. од плажа во околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица и се наоѓа во близина на вилата Андреас. На само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле…
Вила Кристофер располага со:

Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

ТЕРМИНИ

ЦЕНА НА
 АРАНЖМАНОТ

02.06-11.06.17

129€

11.06-18.06.17

129€

18.06-25.06.17

129€

25.06-02.07.17

149€

02.07-09.07.17

149€

09.07-16.07.17

149€

16.07-23.07.17

209€

23.07-30.07.17

209€

30.07-06.08.17

209€

06.08-13.08.17

209€

13.08-20.08.17

209€

20.08-27.08.17

209€

27.08-03.09.17

209€

03.09-10.09.17

149€

10.09-17.09.17

129€

17.09-24.09.17

129€

24.09-01.10.17

129€

ГЛИФАДА
Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои со природната убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

ОСТРОВСКА ТУРА
Aко природниот рај има име тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица, место богато со историја, богато со природна убавина и преубави плажи. Ладната и бистра вода се карактеристични за Палеокастрица која е најпопуларна меѓу нуркачите и истражувачите на морскиот свет.
Сидари пак е познато по легендарниот канал на љубовта, местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив.

ГРАДОТ КРФ
Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.

КРСТАРЕЊЕ
Излет со брод, целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф. Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со забавна музика, уживање во природата и посетување на многу интересни и преубави места: пештера стара 200 години, рибарско гратче Касиопи со 300 години стара тврдина, плажата Нисаки како и попатни интересни информации за островот. Убава можност да се видат плажите на Албанија како и по некој делфин подготвен за фотографирање.

Aранжманот вклучува:

Aранжманот не вклучува:

Напомена:



Вила Андреас

Вила Јулианос

Вила Кристофер