Скијатос

од 109€

Скијатос

Студијата „Меморис“(Memories) се наоѓаат во градот Скијатос, но во исклучително мирен дел. Пешки до самиот центар се стигнува за околу десетина  минути. Објектот е со голем двор, скара, паркинг. Наша препорака за оние што сакаат повеќе мир во ноќните часови. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима -(се доплаќа) и тераса. 

Студијата „Василис“(Vasilis) се во непосредна близина на „Memories“, оддалечени од нив околу 150 м. Исто така во мирен дел од градот, каде штоможе да се одморите по целодневните прошетки и забава. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима-уред (се доплаќа) и тераса.

Студијата „Санрајс“(Sunrise) се во центарот, во срцето на градот Скијатос. На прекрасна локација, во типичен островски стил. Ги препорачуваме за оние што сакаат да се онаму каде што е целата забава и движење на островот. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима-уред (се доплаќа) и тераса.

Куќи „Меморис“(Memories), „Санрајс“(Sunrise), „Васисил“(Vasilis) - град Скијатос 

Термин

Ноќевања

Цена по лице

31.05

9

6.760 (109)

09.06

7

7.380 (119)

16.06

7

9.240 (149)

23.06

7

11.100 (179)

30.06

7

11.720 (189)

07.07

7

13.580 (219)

14.07

7

14.820 (239)

21.07

7

16.060 (259)

28.07

7

16.060 (259)

04.08

7

16.060 (259)

11.08

7

16.060 (259)

18.08

7

14.820 (239)

25.08

7

12.960 (209)

01.09

7

9.860 (159)

08.09

8

9.240 (149)

16.09

7

7.380 (119)

23.09

7

5.520 (89)

Студијата "Memories"

Студијата "Vasilis"

Студијата "Sunrise"

Напомени и услови:

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Цените во табелите се дадени во денари и евра, по лице за пакет аранжман од 7, 8 или 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз на релација Скопје - Волос (пристаниште) -Скопје, карта за траект Волос – Скијатос – Волос и трансфер до куќите
  • Плаќањето е исклучиво во денари
  • Дете до 12 години добива 50% попуст
  • Трето лице добива 20% попуст 
  • За аранжман со сопствен превоз се одбива 2.790мкд. (45 евра) за возрасни и 1.550мкд.(25 евра ) за деца до 12 години.
  • Попустот за трето лице и деца важат само при сместување на минимум две возрасни лица во студио
  • Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 23.00 часот, состанок на групата во 22.30 часот, аранжманот започнува следниот ден
  • Автобуски превоз без аранжман по лице
    • Возрасни 6.820мкд. (110 евра)
    • Деца до 12 години 4.030мкд. (65 евра)
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенцијата
  • Во случај на промена на времето на тргнување на траектот од Волос  до Скијатос и обратно, агенција го задржува правото на промена на програмата
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман 
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.iguana.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.iguana.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Скопје на ул. 8 Ударна Бригада бр. 39 и во Куманово во локалитет Гарнизон, ул. Илинденска лок. 1- кат 1.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „Игуана“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „Игуана“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • т.а. „Игуана“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на промоција или Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Игуана“ и на самата агенција.  

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Игуана“.
Тимот на “Игуана” од Скопје и Куманово ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.