Лефкада

5 дена/ 3 ноќевања

од 129€

Лефкада

Лефкада (грчки: Λευκάδα) или Лефкос е остров во Јонското Море, еден од најголемите што ѝ припаѓаат на Грција. Островот е поврзан со копното со автопат и висечки мост, а е најпознат во светот по прекрасните плажи од кои застанува здивот.
Лефкада е прилично голем остров. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Главниот град на островот, а воедно и административен центар на целата област е истоимениот град, Лефкада, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот, на точката каде што јонскиот остров се поврзува со копнениот дел од Грција и на приближно 20 минути возење со автомобил од националниот аеродром Актион.

Ново изградената куќа “Filoxenia” е лоцирана на само 20 метри од плажата во Никијана. Располагаме со дуплекс апартмани, апартмани и трикреветни и двокреветни студија. Сите се со комплетно опремена кујна, тоалет, ТВ, тераси , клима уред(вклучен во цена).

Куќата “ Pension Holidays” е лоцирана на пристаништето во Василики, на 100м од плажа.  Сите студија се трикреветни и имаат поглед кон морето. Студијата имаат комплетно опремени кујни, ТВ, балкон, клима(вклучена во цена).

Куќата “Makis” е лоцирана долж брегот на плажата во Василики не подалеку од 40 метри. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима-уред и тераса. 



За целосна уплата до 30.12.2017

15% ПОПУСТ!

Куќи “Filoxenia”, “ Pension Holidays”, “Makis”

Термин

Ноќевања

1/2 студио

1/3 студио

1/4 апартман

1/4+1 дуплекс

1/6 – 10/6

9

4.280 (69)*

4.900 (79)*

5.520 (89)*

6.140 (99)*

10/6 – 17/6

7

4.900 (79)*

5.520 (89)*

6.140 (99)*

6.760 (109)*

17/6 – 24/6

7

6.140 (99)*

6.760 (109)*

7.380 (119)*

8.000 (129)*

24/6 – 1/7

7

8.370 (135)*

9.240 (149)*

10.850 (175)*

11.720 (189)*

1/7 – 10/7

9

13.330 (215)

16.430 (265)

18.540 (299)

20.400 (329)

10/7 – 19/7

9

15.190 (245)

18.540 (299)

21.390 (345)

22.630 (365)

19/7 – 28/7

9

17.050 (275)

19.780 (319)

22.630 (365)

23.870 (385)

28/7 – 6/8

9

17.050 (275)

  19.780 (319)

 22.630 (365)

 23.870 (385)

6/8 – 15/8

9

17.050 (275)

  19.780 (319)

 22.630 (365)

 23.870 (385)

15/8 – 24/8

9

17.050 (275)

  19.780 (319)

 22.630 (365)

 23.870 (385)

24/8 – 2/9

9

14.820 (239)

18.290 (295)

21.640 (349)

22.630 (365)

2/9 – 9/9

7

6.760 (109)*

7.750 (125)*

8.620 (139)*

9.240 (149)*

9/9 – 19/9

10

6.140 (99)*

6.760 (109)*

7.380 (119)*

8.000 (129)*

19/9 – 1/10

12

5.520 (89)*

6.140 (99)*

6.760 (109)*

7.380 (119)*

Куќа "Pension Holidays" (Василики)

Вила "Makis" (Василики)

Куќа “Filoxenia”(Никијана)

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Цените во табелите се дадени по лице со вклучен превоз . 
  • При сместувањето во студио / апартман плаќањето  е за минимум 2 лица . 3,4 и 5 лице се сместуваат гратис за 7, 9,10 или 12 ноќевања и плаќаат превоз доколку користат.
  • Цените означени со ѕвезда (*) се промотивни и не подлежат на попусти за ран букинг , превозот не се одбива од истите 
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот. 
  • За патниците  кои користат организиран превоз преку Т.А. Игуана Травел , тргнувањето е ден порано , состанок на групата е во 23.00ч на паркингот  спроти хотел Холидеј Ин, тргнување во 23.30ч. 
  • Користење автобуски превоз по лице:
    • Возрасни 3.100мкд. (50 евра)
    • Деца до 12 години 2.170мкд. (35 евра)
  • За аранжман со сопствен превоз во сезонските цени по лице  се одбива: 
    • 1.550 мкд (25евра)
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман 
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.iguana.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.iguana.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Скопје на ул. 8 Ударна Бригада бр. 39 и во Куманово во локалитет Гарнизон, ул. Илинденска лок. 1кат 1.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „Игуана“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „Игуана“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • т.а. „Игуана“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Игуана“ и на самата агенција.  

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Игуана“.
Тимот на “Игуана” од Скопје и Куманово ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.