Скијатос

од 109€

Скијатос

Куќа „Санрајс“ има одлична локација во строгиот центар на градот, на 300 метри од пристаништето. Студијата содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, клима (се доплаќа во објектот), бесплатен интернет (во фоајето), тераса (дел од нив со поглед кон море). 

Куќа „Василис“ е лоцирана во мирен дел од островот, на околу 350-400 метри од центарот на градот. Студијата и апартманите содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (се доплаќа во објектот), бесплатен интернет, тераса. Има убав двор.  

За целосна уплата до 22.12.2018

15% ПОПУСТ!

Куќи  „Санрајс“(Sunrise)  „Василис“(Vasilis) - град Скијатос 

Термин

Ноќевања

1/2 стд

3/4 лице ст

3/4 лице апп.

3/4 лице дуплекс

2 јуни

9

139

79

89

99

11 јуни

9

159

89

99

109

20 јуни

9

199

99

109

119

29 јуни

9

215

105

115

125

8 јули

9

235

109

119

135

17 јули

9

265

125

135

155

26 јули

9

295

155

175

195

4 август

9

295

155

175

195

13 август

9

295

155

175

195

22 август

9

255

115

125

145

31 август

9

199

99

109

119

9 септем.

9

159

89

99

109

18 септем.

12

139

79

89

99

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

Студија "Vasilis"

Апартмани "Vasilis"

Студија "Sunrise"

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари. Истите се по лице за пакет аранжман од 9 или 12 ноќевања со вклучен автобуски превоз на релација Скопје Волос (пристаниште) -Скопје, карта за траект Волос – Скијатос – Волос и трансфер до куќа “Vasilis“(до вила “Sunrise“ оди пешки.
  • Трето и четврто лице доплаќаат во студио/апартман или дуплекс апартман според ценовникот  во табелата 
  • Дете од 2-6 год,бесплатно сместување, плаќа само превоз 4.030мкд. (65 евра), деца од 6-12 години добиваат 15% попуст на цените од табелата за 3то и 4то лице  
  • За аранжман со сопствен превоз се одбива 2.790мкд. (45 евра) за првите две лица 
  • Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 23.00 часот, состанок на групата во 22.30 часот (на паркингот спроти хотел “ Холидеј Ин”), аранжманот започнува следниот ден
  • Во случај на промена на времето на тргнување на траектот од Волос  до Скијатос и обратно, агенција го задржува правото на промена на програмата
  • Автобуски превоз без аранжман по лице
    • Возрасни 6.820мкд. (110 евра)
    • Деца до 12 години 4.030мкд. (65 евра)
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман 
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.iguana.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.iguana.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите на ул. 8 Ударна Бригада бр. 39 
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „Игуана“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „Игуана“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • т.а. „Игуана“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Игуана“ и на самата агенција.  

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Игуана“.
Тимот на “Игуана” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.