Атина

4 дена / 2 ноќевања

Атина29.12-2.1.2020

1 ден 29.12.2019 Скопје – Атина

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“  во 21.30 часот, тргнуање за Атина во 22.00 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2019 Атина

Пристигнување во Атина во утринските часови. Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање.

3 ден 31.12.2019 Атина - Пелопонез

Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел. Прослава на Нова 2020 година во ресторан. Ноќевање.

4 ден 1.1.2020 Атина – Сунион – Скопје

Појадок.Одјава од хотел.Ве водиме на полудневен излет (факултативен) долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни сати.

Цена на аранжманот по лице:
За резервација со 2.000 мкд. до 15.11 и доплата до 30.11.2019 8.000 мкд. (129 евра) денари
Редовна цена 9.240 мкд. (149 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Напомени: