Атина

4 дена / 2 ноќевања

Атина

Атина – град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е  и негова заштитничка.За историјата на човештвото е значајна, бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години. Град на историја но и престолнина за добар провод. Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудимеможноста да ја почувствувате магијата на  грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.

05. Април (четврток) СКОПЈЕ - АТИНА

Состанок на групата на паркингот на Holiday Inn  во 18:00ч. Поаѓање за Атина во 18:30ч. Се патува преку граничниот премин Богородица-Евзони. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

06. Април (петок) АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности . Вечерта, факултативно вечера во таверна на Плака со богата музичка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

07. Април (сабота) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен факултативен  излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, Микена, Античкиот град и  гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел. Вечерта, ќе го дочекаме Христовото воскресение во некоја  православна црква.Ноќевање.

08. Април (недела) АТИНА – (ПИРЕА , СУНИОН) - СКОПЈЕ

Појадок.  Предлагаме факултативна  посета на Пиреа-едно од најголемите пристаништа на Медитеранот со многубројните марини и Сунион-најјужниот рт на Медитеранот од каде што може да се види Храмот на Посејдон.Можност за факултативна посета на Акропол. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

09. Април (понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

Цена на аранжманот:

129 евра ( 8.000 денари) 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

ЦЕНАТА  НЕ  ВКЛУЧУВА:

НАПОМЕНИ: