Будимпешта

4 дена / 2 ноќевања

БудимпештаВиена – Сент Андреа

16 април (четврток) Скопје - Будипмешта

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 17.30 часот. Тргнување за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Р. Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

17 април (петок) Будимпешта

Пристиигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно разгледување на градот: споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина... сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод под прекрасните мостови на Дунав. Ноќевање.

18 април (сабота) Будимпешта – Виена (Парндорф) – Будимпешта

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или, факултативна посета на Виена. Панорамско разгледување на градот: Рингштрасе, Операта, Парламентот, музејот на Современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург... слободно време. На враќање кон Будимпешта, посета на аутлет шопинг центарот Парндорф. Ноќевање.

19 април (недела) Будимпешта – Сент Андреа – Скопје

Појадок. Факултативна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, во кое се наоѓаат голем број на винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии, цркви... тргнување за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови следниот ден.

За резервации направени со 50% аконтација до 7 март

7.130 мкд. (115 евра)

Редовна цена
на аранжманот:

8.000 мкд (129 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Напомени: