Нови Сад и Белград

4 дена / 3 ноќевања

Нови Сад и БелградГрадовите кои не мируваат

17 април (петок) Скопје – Нови Сад

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 2.30 часот, тргнување за Србија во 3.00 часот. Возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот со стручен локален водич: обиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска тврдина од каде има прекрасен поглед кон градот, плоштадот на Слободата, Градското собрание, Римокатоличката црква, зградата Железен човек, улицата на Јован Јовановиќ Змај, Соборната црква, Дунавската улица, Дунавскиот парк... сместување во хотел. Слободно време за индивидуални актовности и прошетки. Организирана посета на Православна црква по повод Христовото воскресение. Ноќевање.

18 април (сабота) Нови Сад - Инџија

Појадок. По појадокот факултативна посета на аутлет шопинг – центарот Инџија. Враќање во хотел. Факултативна вечера во традиционален ресторан – салаш со жива музика (тамбураши). Ноќевање.

19 април (недела)

Појадок. По појадокот, тргнување за Белград, пристигнување околу пладне. Разгледување на градот со стручен локален водич: хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Соборната црква, Парламентот, булеварот на Револуцијата, Калемегдан... сместување во хотел. Слободно време. Факултативна вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.

20 април (понеделник)

Појадок. По појадокот тргнување за Скопје. Попатна посета на ИКЕА. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје околу полноќ.

За резервации направени со 50% аконтација до 7 март

6.510 мкд. (105 евра)

Редовна цена
на аранжманот:

7.130 мкд (115 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Напомени: