Прага

5 дена / 3 ноќевања

ПрагаДрезден, Карлови Вари и Виена

16 април (четврток) Скопје - Прага

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 12.30 часот. Тргнување за Прага во 13.00 часот. Се патува преку Р. Србија и Р. Унгарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

17 април (петок) Прага

Пристигнување во Прага околу пладне. Факултативен, панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место, Карловиот мост, споменикот на Карло IV, Вацлавскиот плоштад, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник – Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј. Горниот град: дворецот Храдчани, Катедралата Св, Вито, Претседателската палата... сместување во хотел. Ноќевање.

18 април (сабота) Прага – Дрезден

Појадок. Целодневна (факултативна) посета на Дрезден, четвртиот, урбан град по големина во Германија., по Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат како град се именува во 1206 година. Поради своето извонредно културно значење, исто така се нарекува и Фиренца на Елба. Во овој град се застапени бројни барокни градби: операта Земпер, палатата Цвингер (во која има 5 музеи), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворсска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел „Кемпински“), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост... враќање во Прага во вечерните часови. Факултативна вечера во национален ресторан – пивница. Ноќевање.

19 април (недела) Прага – Карлови Вари

Појадок. Факултативна прошетка до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19 век. Можност за посета на еден од 12 извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото Мосер, како и ликерот Беќеровка. Враќање во Прага во попладневните часови. Факултативно крастарење со брод по В’лтава. Ноќевање.

20 април (понеделник) Прага – Виена – Скопје

Појадок. По појадокот (факултативна) целодневна посета на Виена. Панорамско разгледување на градот: плоштадот Рингштрасе, музејот на Модерна уметност, Операта, Парламентот, Градската палата, Универзитетот, КАтедралата Св. Стефан, палатата Хофбург... слободно време за индивидуални прошетки. Тргнување за Скопје во вечерните часови. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.

За резервации направени со 50% аконтација до 22 фев.

9.240 мкд. (149 евра)

Редовна цена
на аранжманот:

10.480 мкд (169 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Напомени: