Истанбул

5 дена / 3 ноќевања

85€

ИстанбулПриказна од Ориентот

ПРВ ДЕН 25.04.2019 (четврток) СКОПЈЕ  ‒ ИСТАНБУЛ

Состанок на групата во 14:00 часот. Поаѓање во 14:30 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН 26.04.2019 (петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: Аја Софија, Сината џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели џамија, Бејазитова џамија, Универзитетот, Римскиот аквадут, Златниот рог, хотелот „Пера Палас“ (каде што Агата Кристи го напишала светски познатиот роман „Ориент Експрес“), стадионот на Бешикташ, кулата Галата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем-Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија. Сместување во хотел „Пеликан“. Организирана посета на Капали Чаршија.  Факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул ‒ Ускудар – Белербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13,5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор, Европа ‒ Азија), каде што ќе се види Девствената кула и Михрима Султан џамијата. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 27.04.2019 (сабота) АЈА СОФИЈА – ТОП КАПИ – КРСТОСУВАЊЕ ПО БОСФОР

Појадок. По појадокот факултативна посета и разглед на Аја Софија и на Топ Капи, кој содржи музејска збирка со непроценливо богатство, со вклучена влезница и водич. По разгледот следува факултативно крстосување по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотелот. Во вечерните часови, можност за факултативна вечера во национален ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 28.04.2019 (недела) ТАКСИМ – ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА – ДОЛМА БАХЧЕ – САФИР СЕЈИР ТЕРАСА ‒ МИНИЈАТУРК

Појадок. По појадокот заминување во организирана посета во центарот на модерен Истанбул – плоштадот Таксим  и пешачката улица Istikal. Посета на Цариградската патријаршија по повод христијанскиот празник Велигден. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан (со вклучена влезница и водич). Факултативна посета Sapphire Seyir Terasi, највисоката „тераса“ во Европа висока (238 м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку  4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девствената кула... Факултативна посета на МИНИЈАТУРК ПАРК ‒ минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60.000 квадратни метри, најголем минијатурен парк во светот. Паркот содржи 122 минијатурни скулптури од кои 58 се од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25… Враќање во хотелот. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 29.04.2019 (понеделник)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и посета на познатиот шопинг-центар „Форум“ каде се наоѓа големиот подводен аквариум. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.

ШЕСТИ ДЕН 30.04.2019 (вторник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Цена на аранжманот:

7.750 мкд. (125 еур)

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

НАПОМЕНА: