Тесалија

3 дена / 2 ноќевања

ТесалијаСолун - Паралија - Метеори - Вергина - Воден

Прв ден  26.04.2019 Скопје ‒ Солун ‒ Паралија

Состанок на групата во 04:00 часот и поаѓање за Солун во 04:30 часот. Патот води преку граничниот премин Богородица. Пристигнување во Солун во утринските часови и разглед на градот: црквата „Св.Димитрија“, улиците Цимитски и Виа Игнација, Ротонда, Римскиот форум, археолошкиот и византискиот Музеј, Белата Кула. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг во центарот на градот и посета на некој од големите шопинг-центри ( COSMOS, IKEA ). Доцна попладне заминување за Паралија. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна посета на таверна ‒ национален ресторан со богата уметничка програма на грчки песни и танци и мени од грчката кујна.  Ноќевање.

Втор ден 27.04.2019  Паралија ‒ Метеори ‒ Паралија  

Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет до Метеори ‒ манастирска населба изградена на високи карпи во 11 век. Посета на манастирот Голема Метеора ‒ Христово преображение, кој заедно со останатите манастири на локалитетот е под заштита на УНЕСКО. Можност за посета на фабрика за рачна изработка на икони. Попатна посета на клисурата Темби каде што се наоѓа црквата „Св.Петка“,  која е изградена во карпа. Враќање во хотел во доцните попладневни часови. Ноќевање.

Трет ден 28.04.2019 Паралија ‒ Вергина ‒ Воден ‒ Скопје

Појадок. По појадокот заминување за Воден  со попатна посета на Вергина ‒ првата престолнина на античките Македонци и посета на гробницата -музеј на Филип Втори, еден од најфасцинантните музеи на Балканскиот Полуостров.  Пристигнување во Воден околу пладне и посета на водопадите. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Заминување за Македонија со пауза на фришоп. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот:

 4.590,00 мкд

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Напомена: