Виена

4 дена / 2 ноќевања

Грац, Сеизберг, Виена, Гринзинг и Братислава

Прв ден 6.04.2019 (петок) Скопје – Грац ‒  Виена

Состанок на групата во 16:30 часот и поаѓање за Виена во 17:00 часот. Се патува преку Р.Србија, Р.Хрватска и Р.Словенија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

Втор ден 27.04.2019 (сабота) Грац ‒ Шопинг сити Seiersberg ‒ Виена

Сабајлето пристигнување во Грац – еден од најубавите градови со најстаро градско јадро во Австрија и разглед на градот со локален водич.  По разгледот, посета на најголемиот шопинг-центар во Грац – Сеиерсберг. Во попладневните часови заминување за Виена. Сместување во хотел ОЕкотел во вечерните часови. Ноќевање.  

Трет ден 28.04.2019 (недела) Виена

Појадок.  По појадокот, заминување на разглед на градот со локален туристички водич: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, дворецот Белведере, катедралата „Св.Стефан“ и Стефанплац. Можност за факултативна посета на летната палата Шенбрун и разглед на градините и Глориетата со локален водич (можност за организиран факултативен влез во внатрешноста на палатата со локален водич). По разгледот, факултативна посета на Дунавската кула која е висока 150 метри и овозможува прекрасен панорамски поглед на Виена. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за краток одмор. Вечерта можност за факултативна организирана вечера во ресторан во боемскиот дел Гринзинг. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден 29.04.2019 (Понеделник) Виена-Братислава-Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Братислава. Пристигнување во Братислава и разглед на градот со локален туристички водич: Средовековниот плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата „Св.Мартин“, Словачкиот народен театар, барокната палата во која Моцарт ги изведувал своите дела, палатата „Паули“ во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминување за Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Петти ден 30.04.2019 (вторник) Скопје

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

За целосна уплата до 06 Април:

8.000,00 мкд

Цена на аранжманот:

8.590,00 мкд

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги: