За нас

Приказната продолжува ...

За нас

Туристичката агенција „Игуана травел“ е формирана во 1991 година, во декември. Основачот на компанијата, г. Мирослав Чонев, своето работно искуство го стекнал почнувајќи во далечната 1976 г. во „Генералтурист” - Загреб и во „Компас” - Љубљана.

На почетокот со само двајца вработени, компанијата низ годините се развиваше во вистинска насока, благодарение на довербата и лојалноста на клиентите-пријатели на „Игуана“, па во овој момент, нашето семејство брои седум членoви-колеги.

Нашата цел е да се доближиме до луѓето што ги користат нашите услуги, пријателски расположени, но професионално подготвени.

Во состав на компанијата, во април 2012 г. се отвори нов, модерен, современ хостел со високи стандарди и со професионална услуга (www.iguanahostel.com.mk) во центарот на Скопје, во старото добро, автентично Маџир Маало, на самиот кеј на реката Вардар.

Продолживме понатаму, „Игуана“ во март 2013 г. отвори свои канцеларии во Куманово, со надеж и очекувањe дека ќе продолжи и понатаму да го шири пријателството во останатите градови низ Македонија како со нашите пријатели кумановци.

Новите дечки во компанијата го наследуваат знаењето и искуството на творецот на „Игуана“, со свежи и оригинални идеи.

И да не должиме многу, на крајот на ова наше претставување искрено ви се заблагодаруваме на сите вас што ни помогнавте во развојот, за годините исполнети со дружење, емоции, сеќавања; на сите вас без кои приказната за „Игуана“ немаше да биде толку интересна и богата. Благодарение на сите вас, приказната за „Игуана“ продолжува...

Активности:

Игуана травел поседува А Лиценца за вршење на комплетна туристичка дејност издадена од Министерството за Економија на Р.М.
Игуана травел е воедно членка, и една од туристичките компании Основачи на Стопанската Комора за Туризам на Македонија (СКТМ).