Орфеј

Зимување во Пампорово

Ако сѐуште не сте решиле каде ќе одите на скијање оваа зима, нашиот предлог за вас е прекрасниот рекреативен центар – Пампорово.

Пампорово се наоѓа на 85 километри јужно од Пловдив, на Јужните Родопи. Овој зимски рекреативен центар е еден од најуабавите на Балканот, а особено се препорачува за скијачи-почетници и оние со напреднати вештини, но нема да претставува поголем предизвик за искусните скијачи.

Прекрасното опкружување од густи борови шуми на зимскиот центар на надморска височина од 1620 метри е причина повеќе зошто да се одлучите токму за Пампорово. За оние кои сакаат планинарење во зимски услови, од Пампорово постои патека до највисокиот врв во околината, Снежанка, на надморска височина од 1928 метри.

Најјужниот скијачки центар во Европа е одлично организиран: 55 километри ски-патеки, 38 километри патеки за крос-кантри, 18 ски-лифтови со капацитет од 13.000 луѓе на час, машини за порамнување на снегот, топови за вештачки снег и преку 100 професионални инструктори за скијање.

Сето ова ќе биде само надополнето од она што ќе ве пречека во хотел „Орфеј“, нашиот избор бр. 1. Сосема е сигурно дека ако се одлучите за Пампорово, ќе посакате повторно да се вратите…