Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, епидемии, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави можат да се извршат во агенциите на __________ и во сите други агенции овластени за продажба на нејзините програми(субагенти). При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот,доколку поинаку не е наведено во програмата, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до15 дена пред реализацијата на аранжманотили рокот што е наведен во самиот аранжман. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати тошоците за отказ на аранжманот согласно условите од член 6 “Откажување од патувањето” од страна на патникот,доколку поинаку не е наведено во програмата. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава –“Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам!“ со што Општите услови на патување, стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.