Куќа „Фани“ е лоцирана под локалната улица, во мирен дел на почетокот на Фокеа, има прекрасно мало дворче а е оддалечена околу 80 метри од море и плажа до кои може да се симнете по 15-20 скали. Покрај кејот под неа има шеталиште од околу 1км до светилникот. Трикреветните студија и еден аапртман се наоѓаат на високо приземје приземјето, а останатите апартмани на прв кат, сите имаат комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени морето. До куќата има паркинг. Во собите нема пешкири како дел од опремата.
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
Термин | Ноќевања | 1 и 2 лице | 3 и 4 лице |
---|---|---|---|
25.5 – 1.6 | 7 | 99 | 55 |
1.6 – 8.6 | 7 | 129 | 55 |
8.6 – 15.6 | 7 | 149 | 55 |
15.6 – 22.6 | 7 | 189 | 55 |
22.6 – 29.6 | 7 | 219 | 55 |
– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –
Цени објавени за наем на студио за 7 ноќевања
Термин | Ноќевања | Трикреветно студио | Четирикреветен апартман |
---|---|---|---|
29.6 – 6.7 | 7 | 455 | 525 |
6.7 – 13.7 | 7 | 490 | 560 |
13.7 – 20.7 | 7 | 525 | 595 |
20.7 – 27.7 | 7 | 560 | 630 |
27.7 – 3.8 | 7 | 560 | 630 |
3.8 – 10.8 | 7 | 560 | 630 |
10.8 – 17.8 | 7 | 560 | 630 |
17.8 – 24.8 | 7 | 560 | 630 |
24.8 – 31.8 | 7 | 525 | 595 |
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
Термин | Ноќевања | 1 и 2 лице | 3 и 4 лице |
---|---|---|---|
31.8 – 7.9 | 7 | 219 | 55 |
7.9 – 14.9 | 7 | 199 | 55 |
14.9 – 21.9 | 7 | 149 | 55 |
21.9 – 28.9 | 7 | 109 | 55 |
– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –
Координати: 40.136475, 23.396766
Напомени и услови:- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
- Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
-
- За возрасни 3,100 денари (50 евра)
- За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
-
- Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Игуана травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.iguana.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница (www.iguana.mk) е од информативен карактер
- За информациите добиени од вработените на т.а. „Игуана“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, „Игуана“ не може и нема да преземе одговорност.
- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „Игуана“ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
- Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
- т.а. „Игуана“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Игуана“ и на самата агенција.