ЗА ИГУАНА ТРАВЕЛ

„Игуана“ е една од првите приватни туристички агенции во Македонија, формирана 1991 година во декември. Сопственикот, г. Мирослав Чонев, го темели своето професионално искуство работејќи во две реномирани компании „Генералтурист“ Загреб и „Компас“ Љубљана. Љубовта кон туризмот ја пренесува на своите синови, кои ги следат неговите чекори и се вклучуваат во тимот во јуни 1998 година.
 
Низ годините, нас Игуанци нѐ води идејата и мотото „Секој наш клиент е и наш пријател“. Оттаму пристапот кон вас е пријателски и опуштен, но односот секогаш е стручен, чесен, посветен!
 
Зад нас се десетици илјади задоволни корисници, стотици илјади изминати километри, многу дестинации, но пред сѐ и над сѐ, многу емоции, сеќавања, спомени…
Главни активности се:
Летувања
Зимувања
Празнични патувања
Екскурзии
„Игуана“ е членка и една од агенциите основачи на Стопанска комора за туризам на Македонија (СКТМ).